Драфт информација во врска со имплемантација на реформите во ПЗЗ

Почитувани,

Во прилог е информацијата во врска со имплемантација на реформите во ПЗЗ

Примарната здравствена заштита е главен темел за унапредување на здравството. Здравјето и благосостојбата на граѓаните за Владата на Република Северна Македонија се едни од врвните приоритети.

Република Северна Македонија истовремено, исполнува една од 17-те цели за одржлив развој во агендата за одржлив развој 2030 година на ОН. Во фокусот на Владата е да обезбеди и гарантира дека примарната здравствена заштита ќе биде носечки столб на целиот здравствен систем. Примарната здравствена заштита го претставува и целокупниот пристап на општеството кон здравјето на луѓето односно кон стремежот здравствените услуги што побрзо и што поблиску да стигнат до граѓаните и да бидат прилагодени на нивните потреби.

Наши приоритети се превенцијата и грижата за превалентни заразни и незаразни болести, како и нивните фактори на ризик, менталните нарушувања, но и подобрување на грижата за мајките и децата, грижата за старите и ранливите групи, односно за поздравиот живот да стане реалност без оглед на возраста и социо-економскиот статус. Светската банка е вклучена со проценка на здравствениот систем со посебен фокус на примарната здравствена заштита. Бараме нов модел што ќе одговори на предизвиците и ќе се заснова на зајакнување на примарната здравствена заштита како основ за обезбедување подобро здравје и здравствен систем воопшто.

Нашата земја е првата во светот која ја операционализираше целта за зајакнување на примарната здравствена заштита, која е најблиску до луѓето, заедниците и е економски најдостапна.

За таа цел Министерството за здравство заедно со ФЗОРСМ со подршка на Светска здравствена организација иницира консултативни средби во врска со спроведување на реформите во Примарната здравстевна заштита.

Спроведување на реформите се во насока на создавање високо квалитетна и безбедна примарна здравствена заштита. За тоа е потребено неопхадно разговарање на мултисекторски политики и активности кои ќе се создаваат и ќе се реализираат заедно со здруженијата на лекари и заедницата.

За да постигнеме социјална и здравствена еднаквост потребни ни се координирани политики на неколку нивоа и во неколку сегменти односно измена на одредени закони и прописи, промена на средината, како и информативни и едукативни кампањи.

Се планира средбите да бидат со различни засегнати страни, се со цел да добиеме квалитени насоки и усогласувања за спроведување на реформа која ќе биде во интерес и на докторите и медицинските сестри од една страна, како и пациентите од друга страна.

Како прв чекор е ревидирање на протоколи за одредени заболувања. Формирани се повеќе  работни групи за подготовка на протоколи (хронични заболувања и цели), вкупно четири групи за поефикасна работа

  1. Група 1 – Хипертензија, 
  2. Група 2 – Дијабетес мелитус , 
  3. Група 3 – Астма и ХОББ, 
  4. Група 4 – Хипотиреоза 

Исто така формирана е и работна група за проверка на шифрарници.

Постои и Работна група за надзор на имплементацијата на реформата во ПЗЗ.

Секој од засегнатите страни има номинирано свој член во секоја работна група и се очекува активно да учествува во процесите што следат.

Со почит,