Përfundimet nga takimi i punës për Ligjin për mbrojtje shëndetësore

Te nderuar Kryetar te degeve
Ne vazhdim i keni permbledhjet etakimit te pare te grupit punues qe jemi te nominuar per Propozim ndryshim te ligjit per mbrojtje shendetesore. deri me 17. 07. te mbani takim me kryesine e degeve dhe po qe se keni propozime per ndryhim te dergoni me mail dderi tek une dhe me 18. 07. te ulet kryesia e deges te shqyrton propoimet e derguara.
Më poshtë keni disa nga propozimet e organizatave tjera.
Me respekt
Почитувани,
Благодариме на присуството на денешната работна средба и активниот придонес во дискусијата за начинот и методите за натамошна работа.
На оваа иницијална средба беше утврдено дека целта на процесот на подготовка на Предлог-законот е активно вклучување во анализата и утврдувањето на можните законски решенија, непосредно учество во процесот на подготовка на содржината на Предлог-законот и обезбедување целосна транспарентност во процесот на работа.
Заради ефикасно водење на процесот и предлагање на решенијата, на средбата беа договорени:
– општите принципи за начинот и методите за натамошна работа
– формите на непосредно доставување на новите предлози
– работата по веќе доставените предлози
– размената на информациите и комуникацијата
  • МЕТОДИ НА РАБОТА (РАЗМЕНА И ОБРАБОТКА НА ПРЕДЛОЗИТЕ)
Во однос на начинот и методите за натамошна работа, беше договорено номинираните претставници да достават конкретни предлози со образложенија за нивната оправданост, кои треба да содржат аргументација на која се засноваат очекувањата за постигнување на практичните ефекти од решенијата што се предлагаат.
Како што беше договорено, сите предлози, по нивното доставување, ќе бидат проследени на мислење до сите други номинирани претставници на работната група, како и на мислење до соодветните секториво Министерството за здравство во чиј делокруг на работа спаѓаат предлозите.
Сите предлози со дадените образложенија, во целина со мислењата од другите номинирани претставници во оваа работна група и од соодветните сектори во Министерството за здравство, ќе бидат анализирани од страна на работната група во процесот на подготовка на измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита.
  • ДОСТАВУВАЊЕ НА НОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ
Во однос на непосредното доставување на предлозите, беше претставено Техничко упатство за подготовка на предлозите во работниот процес, кое треба да послужи како оперативна и техничка алатка за ефикасно водење на процесот на предлагање на решенијата.
Дадените форми во Упатството (форма 1 или форма 2) за доставување на предлозите служат заради обезбедување воедначен пристап од страна на сите учесници во процесот. Предлозите не треба да се доставуваат во двете форми, туку изборот на конкретната форма на доставување на предлозите зависи од практичниот приод на секој поединечен учесник, односно предлагач на решенијата.
Како што беше договорено, предлозите треба да се достават најдоцна до 20 јули 2017 година.
По нивното доставување, согласно горенаведените договорени принципи на работа, предлозите ќе бидат проследени на мислење до сите други номинирани претставници на работната група, како и на мислење до соодветните сектори во Министерството за здравство во чиј делокруг на работа спаѓаат предлозите.
  • РАБОТА ПО ВЕЌЕ ДОСТАВЕНИТЕ ПРЕДЛОЗИ
Веќе доставените предлози, главно од здруженијата на пациенти и еден од Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина, исто така согласно горенаведените договорени принципи на работа, ги доставуваме (дадени подолу) до другите номинирани претставници во работната група, а ќе бидат проследени на мислење и до соодветните сектори во Министерството за здравство во чиј делокруг на работа спаѓаат предлозите.
Како што беше договорено, мислењата од номинираните претставници во работната група во однос на веќе доставените предлози, треба да се достават најдоцна до 27 јули 2017 година.
  • РАЗМЕНА НА ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИЈА
Заради попрактично и поефикасно водење на процесот и предлагање на решенијата, беше договорено предлозите да се доставуваат во електронска форма, на следниве мејл адреси:angelina.bacanovik@zdravstvo.gov.mk и dejan.nikolovski@zdravstvo.gov.mk
– – –
Во ПРИЛОГ на овој мејл доставуваме:
1. Законот за здравствената заштита (во консолидиран текст)
2. Техничко упатство за подготовка на предлози во работниот процес за измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита (кое беше доставено и во хартиена форма)
3. Преглед на номинирани учесници во работниот процес
Во однос на прегледот што беше доставен во хартиена форма на денешната работна средба, овој преглед е дополнет со номинациите и од Здружението на приватните лекари на Република Македонија. Овој преглед, што сега го доставуваме во електронска форма, треба да се смета за конечен преглед на номинирани учесници заклучно со 7 јули 2017 година (овој мејл го праќаме и претставниците на ова здружение на мејл-адресата што беше доставена со номинациjaта).
4. Доставените предлози од здруженијата на пациенти (со линкови за симнување на материјалите):