KONKURS

Врз основа на Одлуката на Деканатската управа на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје – Медицински факултет- Скопје, за формирање на Конкурсна комисија за доделување на награда за најдобар научен труд објавен во медицинско списание “Проф. д-р Епса Урумова”во текот на претходната календарска година, одржана на 13.07.2015 година, во соработка со семејството на Проф. д-р Епса Урумова, Конкурсна комисија објавува

К О Н К У Р С
за доделување на награда за најдобар научен труд објавен во медицинско списание во 2014 година “Проф. д-р Епса Урумова”

1. Со овој конкурс се доделува наградата за најдобар научен труд објавен во медицинско списание во 2014 година “Проф. д-р Епса Урумова”.

2. Право на учество на конкурсот има лице кое има објавен научен труд во медицинско списание во текот на 2014 година.

3. Предлог за доделување на наградата до Конкурсната комисија може да поднесат: предлагач, група предлагачи и кандидатот лично.

4. Предлогот треба да содржи:
-биографски податоци за кандидатот,
-објавениот труд,
-и други податоци што се сметаат дека ќе придонесат во оценувањето.

5. Предлагачот треба комплетните материјали за предложениот кандидат за добивање на наградата да ги достави во три примероци до Конкурсната комисија за доделување на награда за најдобар научен труд објавен во медицинско списание “Проф. д-р Епса Урумова”, на адресата на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје – Медицински факултет- Скопје, ул. 50-та Дивизија бр. 6 Скопје, најдоцна до 1-ви Октомври 2015 година, со назнака -,, за награда Проф. д-р Епса Урумова,,.

6. Признанието со паричната награда во износ од 60.000,00 денари свечено ќе се додели на 13-ти Октомври 2015 година во амфитеатарот на деканатот на факултетот и притоа наградениот автор ќе треба да го презентира трудот пред поширок аудиториум од наставници, студенти и гости на факултетот.

Конкурсна комисија за доделување на награда
“Проф. д-р Епса Урумова”